Елмас даде гол, Наполи победи со десет фудбалери!


И покрај тоа што од 23. минута играше со фудбалер помалку, а и промаши пенал, Наполи со 2-0 ја победи Венеција, Елиф Елмас постигна гол. Натпреварот тргна лошо за Наполи, во 23. минута Осимен наседна на провокација, удри противнички играч и заработи црвен картон, домаќинот остана со фудбалер помалку.

По десет минути игра во вториот дел Инсиње не реализираше пенал, но брзо се поправи. Шест минути подоцна го постигна водечкиот гол за Наполи.

Во 73. минута нашиот Елиф Елмас со убав погодок го постави конечниот резултат од 2-0. Елмас мечот го почна од клупата, но влезе во игра уште во 35. минута поради повреда на Зиелински кој мораше да го напушти теренот.

29060043_2016680208590936_36926234558838