Отворено писмо од вработените во ЈКП КОМУНАЛЕЦ - БИТОЛА


Проект Симбиоза-парични награди


Како група на вработени, бараме да бидат вратени на сметка на јпк-Битола, незаконски исплатените парични средства на неколку (4-5) вработени во последните 3 години, за наводна „награда“ околу ангажманот за Проектот Симбиоза.


Имено, во месец август 2019, исплатени се 400.000,00 денари, во месец август 2020 повторно се исплатени 300.000,00ден. и во месец август 2021 повторно 200.000 ден. на 4-5 вработени лица за ангажман во Проектот Симбиоза.


Согласно Договорот со ЕУ, не смее да има исплата на парични средства за лица вработени во јавен сектор!!!


Одтука се поставува прашањето, врз основ на што директорот го наведува Управниот одбор да донесе Одлуки за исплата на енормно високи парични награди на само неколку вработени лица и врз основ на кој Акт се повикуваат за исплата на овие средства, доколку знаеме дека не е предвидено ни во ЗРО ни во КД. Сите парично наградени вработени, работеа со мин. ангажман на проектните обврски во работно време, за што примаат месечна плата.


Врз основ на која методологија е одредена висината на наградата и тоа за сите 3 години со различна висина?


Ова е класична злоупотреба на службената должност и незаконско мотивирање на членовите на Управниот одбор да донесат вакви одлуки за кои нема правен основ, за што бараме вкупната сума од 900.000 денари (15.000еур) да биде целосно вратена на сметката на јавното претпријатие.


29060043_2016680208590936_36926234558838