HAТO плaниpa пpифaтни кaмпoви зa Aвгaниcтaнци, eдeн oд нив ќe бидe нa Kocoво

НАТО планира да формира прифатни кампови за привремено сместување на евакуираните Авганистанци кои работеа за алијансата, јавуваат западните агенции, а според ДПА, еден од овие кампови ќе биде на Косово. Разговараме за различни места за привремено сместување на Авганистанците, рече вчера генералниот секретар Јенс Столтенберг, по вонртедниот онлајн состанок со шефовите на дипломатиите на земјите -членки на алијансата, пренесе ДПА.

Според германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, американската воена база во Рамштајн, во германската провинција Рајнска област-Пфалц, веќе се користи како центар за евакуација на барателите на азил од Авганистан.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838