УРНЕБЕСНО ВИДЕО I Градоначалник го згреши името на кинескиот инвеститор, Вучиќ прсна во смеа


На свеченото отворање на работите на новата делница на автопатот во Србија, вчера градоначалникот на Сурчин се збуни во изрекувањето на името на кинескиот директор на компанијата, со што ги насмеа присутните вклучително и претседателот Александар Вучиќ. На Вучиќ и другите присутни им беше тешко да ја потиснат смеата на свеченото отворање на новата делница од автопатот, сето тоа поради градоначалникот на Сурчин, кој очигледно беше надвладеан од нервозата во говорот и се бореше додека им се заблагодаруваше.

– Го поздравувам претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Србија, г-ѓа Ана Брнабиќ, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, г. Томислав Момировиќ, нејзината екселенција, амбасадорот на Кина во Србија, г-ѓа Чен Бо, директор на Кинеска градежна комуникациска компанија, г-дин Ченг Ју Јао Си Јао Ченг Си Јао Ју, рече Стеван Суша. – Џанг, ајде Џанг, му помогна Вучиќ, но Суша мораше да ја заврши мислата до крај.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838