Димовски: Влaдaтa им вeтилa вpaбoтyвaњe нa Aвгaниcтaнцитe, a дpжaвaвa pyши peкopди вo нeвpaбoтeнocт


Република Македонија има обврска да води сметка за состојбите во светот, но е една од најмалите и најсиромашните во Европа. Македонија не успева да обезбеди основни услуги за своите граѓани значи децата свидетелства немаат добиено се уште, во Тетово не можеме да обезбедиме вода за пиење,по други градови не се добиваат основни услуги не се купени возила за Брза помош и слично. Не се задоволени основни услуги за граѓаните, нема ни лични карти, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител.

Според него од тој апсект Македонија не е во состојба да се грижи сама за себе, а тоа го покажа и ситуацијата со пожарите за што ако не ни помогнеа од други држави кој знае каква ќе беше состојбата.

– Потоа да не беа донациите со вакцини од други држави, да не се одеше во Србија за вакцинација кој нзае каква ќе беше ситуацијата сега, укажа Димовски. Втора работа, додае тој, во благодарноста од Стејт департментот освен Полска не гледаме други држави од Европа и ЕУ, „не може една Данска да не приме вакви лица, Шведска, Австрија и слично“.

Според него не може вака да се подобрува имиџот на Владата надвор.

– Владата преку портпарол брифираше дека размислуваат и за програма за вработување на бегалците. Како е тоа можно кога има 29 младинска невработеност, 10 илјади компании згаснаа за две години, 50 илјади лица има повеќе на Биро за вработување. Мислам дека премногу се расфрламе само за власта да си ги откупи нотираните гревови во меѓународните извештаите, заклучи Димовски.


29060043_2016680208590936_36926234558838