Австралија советува да не се патува во Македонија: Поради можни ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ

Австралија препорачува да не се патува во Македонија, затоа што има ковид, пожари, загаден возух и можни терористички напади.

Македонија е означена како земја со висок ризик за зараза од коронавирус. Оваа препорака е за патниците од Австралија, а ја препорачува австралискиот сајт „Смарт травел“. Доколку сепак некој реши да патува, има препораки што да се прави и како да се однесуваат австралиските граѓани. Потребен сертификат за вакцинација за посета на сите јавни места, или сертификат за прележаност, пишува на сајтот.

„Можно е да се појават граѓански протести, кои можат да прераснат во насилство. Избегнувајте ги. Можно е да има терористички напад, дури и на оние места каде што има странски државјани. Можни се ситни кражби на аеродром или во поголемите градови. Внимавајте на вашите џебови и торби. Налето има многу пожари ширум целата земја. Во зима, пак, проблем се снегот и мразот. Загадувањето е голем проблем во земјата, па ако имате проблем со дишни патишта, советувајте се со вашиот лекар пред да патувате“, советува австралискиот сајт. За ковид-препораките, посочено е дека границите се отворени за нивните граѓани, меѓутоа дека треба да внимаваат на границите на другите земји низ кои треба да поминат за да влезат или излезат од Македонија. Деновиве во земјава ќе стигнат најмалку 450 Авганистанци. Од опозицијата реагираа дека земјава не треба да прифаќа бегалци, затоа што има доволно свои проблеми.


извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838