Владата ќе го разгледува прашањето за вработување на бегалците од Авганистан


Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа соопшти дека статусот на бегалците од Авганистан кои ќе пристигнат во Македонија (засега 650 на број), ќе се регулира преку Законот за странци, ова значи дека нивниот престој ќе биде повеќе од три месеци. Владата засега е без план за ресоцијализација, образование на децата или за здравствено осигурување. Единствено се знае дека на бегалците ќе им бидат понудени бесплатни вакцини и бесплатни здравствени прегледи. Статусот на лицата што се очекува да пристигнат од Авганистан во нашата земја ќе биде во согласност со одредбите на Законот за странци. Релевантните институции ги разгледуваат можностите за ресоцијализација на овие лица, ова ќе биде завршено во наредните денови. Во моментов фокусирани сме на нивниот прием и сместување во соодветните хотели. Прашањето за образованието на децата, прашањето за вработување и прашањето за здравствено осигурување ќе бидат разгледани и регулирани во наредните денови, почитувајќи ги законските одредби во земјава, Изјави Портпаролот на Владата.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838