ВМРО-ДПМНЕ го кандидира Дарко Костовски, тренерот на олимпискиот вицешампион од Токио


ВМРО-ДПМНЕ денеска потврди дека пратеникот Дарко Костовски ќе биде кандидат за градоначалник на Бутел.


Инаку Костовски е тренер на Дејан Георгиевски, таеквондистот кој во најтешката категорија го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио. Тоа е најголемото олимписко достигнување на Македонија од нејзиното осамостојување.


Меѓу останатите кандидати кои ги објави денеска најголемата опозициска партија се најде и името на Тони Михајловски, како кандидат за Куманово.



извор: фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838