Истите луѓе што обезбедија патување со истечен пасош, сега носат гласање со истечена лична карта


Поради недонесувањето на измените на Законот за лични карти, заглавени се барањата на над 40 илјади граѓани за нова лична карта и на дел нив веќе им се блокирани трансакциските сметки, а ако не се реши проблемот до октомври, тие нема да може да гласаат на локалните избори.


Премиерот Зоран Заев вели дека решението на ова прашање треба да се бара со почетокот на работата на парламентот да се изгласаат законските измени во септември или со донесување соодветни одлуки или правилници да се овозможи гласање со истечени лични карти.

29060043_2016680208590936_36926234558838