ДВА МЕСЕЦА НИКОЈ НЕ ГИ ПРАШАЛ РАБОТНИЦИТЕ ОД ТЕКСТИЛОТ ДАЛИ ДОМА ЌЕ ОДНЕСАТ ЛЕБ

Синдикатот за текстил, кожа и чевли - СТКЧ при Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека нечовечки е во услови на пандемија, Парламентот да си игра со судбината на илјадници работници кои чекаат плата за февруари и март, а сега сме април.

Народните пратеници да престанат да си играат со судбината на работниците, апелираат од Синдикатот за текстил и кожарство при ССМ. Ако петиот пакет мерки не се донесе до крајот на неделава, предупредуваме дека на принуден одмор ќе бидат пуштени тројно повеќе текстилни работници.

„Нечовечки е во услови на пандемија, Парламентот да си игра со судбината на илјадници работници кои чекаат плата за февруари и март, а сега сме април. Народните пратеници испаднаа ненародни луѓе и не знам со каков образ ќе бараат поддршка на следните избори од работниците кои ги оставија без две плати и егзистенција”, истакнува Љупчо Радевски претседател на текстилниот синдикат.

„Два месеца никој не ги прашал работниците дали имаат пари дома да однесат леб, да ги платат давачките кон државата, да се лекуваат и што се не за еден скромен живот”

Државната помош треба да ги спаси работните места до втората половина на годинава кога се очекува враќање на нарачките од странските партнери и континуирана работа на текстилните погони.

„Истовремено ССМ укажува дека работниците не може да бидат на маргините за нечии политички пазар, а пратениците од власта и опозицијата да не си играат со народот и работникот и да го донесат петтиот пакет мерки и со тоа да се зачуваат работните места и исплатат платите на работниците“, истакнува Претседателот на ССМ, Дарко Димовски.



извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838