ЈОСИФОВСКИ: Дали сте свесни дека со непромислени одлуки ни го уништивте животот нас младите


Претседателот на УМС ВМРО ДПМНЕ -БИТОЛА, Марко Јосифовски со остра реакција по репресивните мерки на владата кон младите, каде се исправени пред предизвикот за да го задржат своето работно место или ако сакаат да студираат се дискриминираат и им се ограничува слободата на избор на движење со вакцинален сертификат.

Секој ден се вадат проценти и се прават статистики за возрасни групи кои се вакцинирале. Сакам да ја прашам оваа неспособна власт, кога ќе објават процент на вакцинираност кај млади лица од 18 до 30 години ?? Дали сте свесни дека со вакви не промислени одлуки, нас младите ни го уништувате и блокирате животот ? Кажете што да прават младите кои од одредена здравствена причина не можат да примат вакцина, а без сертификат за вакцинација не ги примаат на работа или факултет. Свесно се врши дискриминација со овие не промислени одлуки. После се чудите зошто младите се изјасниле дека сакаат да се иселат од државата. Тоа е поради вакви присилувања и немање слобода на избор. И да ви кажам, ова не е штитење на колективното здравје, ова е тажен обид за прикривање на вашата неспособност и задоцнети реакции во целата пандемија.
#Неспособни

29060043_2016680208590936_36926234558838