Австриски, Ди Прес: Македонија, Албанија и Косово стануваат бегалски камп на САД


Албанија, Косово и Северна Македонија, дури и транзитни држави на балканската рута, се согласија да примат Авганистанци вработени во американската армија како бегалци, барем привремено, пишува денеска австрискиот Ди Пресе со наслов „Балканот станува бегалски камп на САД“.


„Иронично, три од најсиромашните транзитни држави на таканаречената балканска рута сакаат да бидат првите што ќе помогнат во прифаќањето на авганистанските бегалци“, коментира Ди Пресе, кој ги пренесува изјавите на политичките лидери од регионот во врска со приемот на бегалците.


Аналитичарите во САД велат дека повлекувањето од Авганистан била правилна одлука, но го критикуваа начинот на кој се спроведува. Додека претседателот Џо Бајден ги обвини авганистанските сили за предавање на земјата речиси без борба, експертите велат дека администрацијата требало да биде подготвена за секое сценарио. Сега една од главните грижи е безбедноста на Авганистанците кои работеле со Соединетите држави.


Ново истражување беше спроведено кога Талибанците започнаа молскавична офанзива и го зазедоа главниот град, а американската администрација објави испраќање на 6.000 војници за да го обезбеди аеродромот за време на евакуација на речиси 30.000 Американци и авганистански цивили кои бегаа од страв за нивните животи.


Бајден очекуваше јавноста да го поддржи повлекувањето со кое ќе се стави крај на најдолгата американска војна, предизвикана од нападите на 11 септември 2001 година. Меѓутоа, 51 отсто од испитаниците сега го критикуваат начинот на кој Бајден го изведе повлекувањето, покажува истражувањето.


45 проценти од нив веруваат дека САД не треба да ги повлечат своите војници доколку заминувањето ќе им овозможи на Талибанците да ја преземат контролата врз земјата, што на крајот тоа и се случи.


gif

извор: фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838