Дали е можно? Северна Кореја досега нема ниту еден случај ковид-19, велат од СЗО

– Северна Кореја досега не потврди ниту еден случај на ковида -19, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците со кои располага СЗО, Северна Кореја тестирала 693 лица за вирусот корона од 30 јули до 5 август, а сите тестови се покажале негативни, пренесува агенцијата Тасс.

Властите на Северна Кореја тестираа вкупно 36.000 луѓе од појавата на пандемијата на вирусот корона, но ниту еден случај не е потврден.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838