Црна Гора нема да примa бегалци од Авганистан

Со придружувањето кон изјавата од околу 100 земји издадена од Стејт департментот, Црна Гора не се обврза дека привремено ќе прифаќа бегалци од Авганистан. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, таква обврска не е ни предвидена со оваа изјава.

„ Според соопштението, Црна Гора ја поддржа иницијативата која повикува да им се дозволи на сите што сакаат да ја напуштат земјата, вклучително и потребата патиштата, аеродромите и граничните премини да останат отворени. Во соопштението, меѓу другото, се наведува дека народот на Авганистан заслужува да живее достоинствено во безбедна средина, затоа веруваме дека е неопходно да се осигура дека на сите нив, особено на жените, им се гарантира почитување на основните права“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Се додава дека Црна Гора, како земја која беше дел од мисијата на НАТО во Авганистан (ИСАФ и Одлучна поддршка), посветува посебно внимание на ситуацијата, ги поддржува напорите и се приклучува на повиците на меѓународната заедница за обезбедување безбеден излез од земјата за сојузничките и партнерските сили и народот на Авганистан, кој го сака тоа.

„ Црна Гора, во оваа фаза, нема да прима бегалци како што произволно се наведува во некои медиуми. Министерството за надворешни работи секако останува на располагање за какви било дополнителни информации“, заклучуваат од Владата на Црна Гора.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838