Службеник во ДИК, отпуштен затоа што секој ден доаѓал на работа


Сатирична вест на порталот Кооперација.


Чедомир В., 62 годишен службеник во Државната изборна комисија, денес бил отпуштен од оваа институција бидејќи по опсежна истрага се покажало дека тој со години редовно се појавувал на своето работно место и ја работел својата работа. Како што се вели во објаснувањето на ДИК, отпуштениот покажал пркос кон стратегијата на власта за работата на оваа институција и со секојдневното доаѓање на работа ги омаловажил колегите, како и своите претпоставени. Ова негово ненормално однесување останало незабележано скоро три децении затоа што тој најчесто сам го поминувал времето на работа, сѐ додека институцијата не инсталирала камери и сосема случајно го забележала чудакот во своите редови. Покрај отказот, ДИК најави дека ќе бара јавно извинување за рушење на имиџот на институцијата, како и за покажаната несовесност од страна на нивниот бивш вработен или во спротивно ќе му го избрише стажот кој тој нелегално го акумулирал.


ИЗВОР: КОПЕРАЦИЈА

29060043_2016680208590936_36926234558838