Во Битола претставен проектот за двојна спортска кариера


Под палката на спортската организација Спорт-талент од Битола, се одржа прес-конференција за проектот во склоп на Еразмус програмата насловен „Trainer 1.0 Beta“. Првиот човек на организацијата, Зоран Вељановски го претстави проектот со видео-презентација, а потоа ги објасни и целите на двојната кариера на еден спортист.

Целта на проектот е да се подготви едукативна програма за млади спортисти, благодарение на која програма тие би можеле да научат повеќе за работата на еден тренер во одредена спортска дисциплина.

Тие ќе ги проценат сопствените предиспозиции за професионален тренер и ќе започнат да собираат свои искуства за професијата.


Обуките се реализираат во договор со спортската институција одговорна во секоја земја. Секој партнер поканува спортски федерации, училишта, академии да потпишат протокол, со кој се обврзуваат да го вклучат моделот „Trainer 1.0 Beta“ во нивните вообичаени едукативни тренинзи.

На прес-конференцијата учествуваа и партнери на Спорт-талент, КК Хераклеа, ФК Рис, РК Феникс, спортски работници, професори и претставници на медиумите.


извор: гол

29060043_2016680208590936_36926234558838