Денеска протести против пресудите за „Монструм“ и против пресудите за убијците на Саздо

Денеска со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата на Република Македонија, поради пресудите во случајот „Монструм“. Исто така, протест најави и навивачката група „Шверцери“ против казните за убијците во случајот „Саздовски“, а ќе се движат од Чаир до Апелациониот Суд. Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место.

извор: лидер


29060043_2016680208590936_36926234558838