Се зголеми бројот на Авганистанци што треба да ги прими Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска информираше дека Националниот институт за демократија побарал привремено засолниште на 200 други лица од Авганистан, бројка што се додава на претходно потврдените 186 лица од Авганистан чие засолниште го објави Владата.

Османи нагласи дека главно се работи за жени и деца, додека додаде дека МВР и Министерството за надворешни работи работат на списоците за бегалци. – Меѓутоа, со оглед на тоа што бројот на летови од Кабул е значително ограничен, не можеме точно да кажеме кога овие цивили би пристигнале во земјата, но потоа ќе бидат третирани според внатрешните правила и ќе бидат сместени во објектите што ќе им бидат обезбедени, рече Османи.

На новинарско прашање дали и за цивилите од Авганистан ќе се изрече мерка карантин, тоа според него, ќе зависи од нивниот вакцинален статус и од други епидемиолошки карактеристики, за што ќе решава Комисијата за заразни болести и Министреството за здравство.

Во однос на сместувањето, Османи посочи дека Координативното тело во Влада, веќе прави список на сместувачки капацитети коишто покажуваат интерес и имаат можност да ги прифатат овие цивили, а трошоците ќе им бидат платени.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838