СПАСОВСКИ: Во тек е изградба на нов објект на „Прифатен центар за странци“ во Скопје


Станува збор за еден единствен објект, со ист капацитет како постојниот, на соодветна локација надвор од населено место, во близина на обиколницата, на неколку километри оддалеченост од населеното место Бардовци Со цел подобрување на моменталните расположливи услови на постоечкиот Прифатен центар за странци, во тек е изградба на нов објект на Прифатен центар за странци, финансиран со средства од ЕУ во рамките на Националната ИПА програма за 2016 година, чиј главен корисник е МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот официјален ФБ профил.

Според препораките на бројни меѓународни организации задолжени за заштита на човековите права, како и од Народниот правобранител како Национален превентивен механизам, нотирана во Посебниот извештај за состојбите во Прифатниот центар за странци во Гази Баба доставен во 2019 година, пишува Спасовски, неопходно беше „да се преземат конкретни мерки и активности за што е можно побрза дислокација на Центарот во друг соодветен објект“, што практично значеше изградба на нов објект на Прифатниот центар за странци, кој ќе ги исполнува сите стандарди за престој на лица, но и безбедносните стандарди за нормално функционирање.

– Станува збор за еден единствен објект, со ист капацитет како постојниот, на соодветна локација надвор од населено место, во близина на обиколницата, на неколку километри оддалеченост од населеното место Бардовци, а ќе биде усогласен со меѓународните норми и стандарди, по примерот на исти вакви центри во земјите од регионот. Сместен на североисточната страна од локацијата, затворен со свој двор, сообраќајници и пристапи, односно затворениот простор е со опфат помал од 20 проценти од целокупната локација која е на располагање. Затворен со свој двор, со потполно имплементирани современи мерки во однос на безбедноста. Целокупната локација е обезбедена со безбедносна ограда која претставува надворешен заштитен појас, а освен оваа ограда се формира и втор појас на заштитна ограда околу самиот објект, формирајќи на тој начин сопствен круг околу објектот со свои интерни улици за пристап, со цел беспрекорно функционирање на овој центар како посебна издвоена целина, појаснува Спасовски на фејсбук.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838