МАКЕДОНИЈА ПРОТЕРА УШТЕ ЕДЕН РУСКИ ДИПЛОМАТ

Министерството за надворешни работи за „360 степени“ индиректно ја потврди информацијата дека е прогласен за персона нон грата руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во земјава, што ја објави порталот Алмакос. На прашањето на порталот- Дали минатата недела е протеран заменик военото аташе во Руската амбасада, од МНР одговориле:

-Министерството за надворешни работи, во рамките на своите надлежности, ги презема сите соодветни мерки и активности согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да ја заштити националната безбедност на Република Северна Македонија, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО алијансата.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838