Абдул Гани Барадaр: Ко-основачот на Талибанците кој е неоспорен победник во дваесетгодишната војна


Абдул Гани Барадар, еден од талибанските лидери и еден од нивните основачи, беше ослободен од пакистански затвор по препорака на САД пред помалку од три години.


Од битката тој се истакна како неоспорен победник на дваесетгодишната војна.


Додека Хаибатула Акунџада е моменталниот лидер на талибаните, Барадар е нивен политички поглавар и нивно најпрепознатливо лице. Синоќа тој ја напушти својата канцеларија во Доха и замина за Кабул.


Во пресрет на нападот на Кабул, тој изјави дека вистинскиот тест за талибанците тек почнува, пренесува Гардијан.


Барадар е роден во провинцијата Урузган во 1968-та година, а тој се борел за авганистанските муџахедини против Советите во 1980-тите години. Откако Русите биле протерани и кога земјата западнала во граѓанска војна меѓу ривалските воени лидери, тој формирал медреса во Кандахар заедно со неговиот поранешен командант Мохамед Омар. Тие заедно ги формираа талибанците, движење кое го предводеле млади исламски научници посветени на верското прочистување во Авганистан.


Барадар имал голем број воени и административни улоги во петгодишниот режим на Талибанците, а кога САД и нивните авганистански сојузници го собориле, тој бил заменик-министер за одбрана.

За време на неговиот 20-годишен талибански егзил, Барадар имал репутација на моќен воен водач.


Администрацијата на Обама, сепак, стравувала од неговата воена експертиза повеќе отколку што верувале во неговите наводно политички поумерени ставови. ЦИА го пронашле во Карачи во 2010 година, и во февруари истата година ги убедиле ИСИ да го уапсат.


Меѓутоа, во 2018 година, ставот на Вашингтон се смени и авганистанскиот претставник на Доналд Трамп, Залмај Калилзад, побара од Пакистанците да го ослободат Барадар за да може да води преговори во Катар, врз основа на верувањето дека ќе биде задоволен со договор за поделба на власта.


Барадар потпиша со Соединетите држави во Доха во февруари 2020-та година, што администрацијата на Трамп го поздрави како чекор кон мирот, но сега тоа изгледа само како отворен пат кон целосна победа на Талибанците.


Договорот меѓу САД и Талибан да не се борат едни со други требало да биде проследен со разговори за поделба на власта меѓу Талибанците и владата на Ашраф Гани во Кабул. Тие разговори не напредувале многу, а потоа дошло до застој. Сега е јасно дека Барадар и Талибанците паметно играат подолго време, чекајќи Американците да си заминат од Авганистан, за тие да се подготват за новата офанзива.

29060043_2016680208590936_36926234558838