Медлин Олбрајт ѝ се заблагодари на Македонија за прифаќањето на мигрантите од Авганистан


Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт денеска им се заблагодари на Македонија, Албанија, Канада, Косово кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца на лидерите на цивилното општество.

-Мора да се фокусираме на спасување животи во Авганистан. САД работат да ги евакуираат лицата под особен ризик од Талибанците и благодарна сум на Албанија, Канада, Косово и Македонија кои понудија засолниште на нашите авганистански сојузници, особено жени и деца на лидерите на цивилното општество. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други, напиша Олбрајт на „Твитер“.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838