Трамп бесен на Бајден: Каков срам кога Tалибанците ќе го кренат знамето над американската амбасада

Поранешниот американски претседател, Доналд Трам, ја прокоментира ситуацијата во Авганистан и ја обвини актуелната администрација на Белата куќа дека не го почитува неговиот план.


Трамп тврди дека неговиот план го штител америкаснкиот персонал и имотот и исто така гарантирал дека талибанците нема да ја преземат американската амбасада и да обезбедат за себе нови напади на САД.


„Каква срамота ќе биде кога Tалибанците ќе го кренат знамето над американската амбасада во Кабул. Ова е целосен неуспех поради слабост, неспособност и целосна стратешка недоследност“, истакнува Доналд Трамп и додава дека талибанците сега немаат страв, ниту пак ја почитуваат Америка или нејзината сила.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838