Каков гест: Словенечки пожapникари им ја оставиле личната опрема на колегите од Берово

Донирана е лична пожарникарска опрема, договор за соработка и обука и создадено силно пријателство со доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија.


Доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија, кое со своите пожарникари-доброволци помогнаа да се изгасат огромните шумски пожари во Малешевијата, донираа лична пожарникарска опрема на своите колеги од Територијалната противпожарна бригада од Берово.


– Донирана е лична пожарникарска опрема, договор за соработка и обука и создадено силно пријателство со доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија. Договорена е и поголема донација на пожарникарска опрема која веќе нашите искрени пријатели ќе ја обезбедат со пристигнување во својот дом во Словенија. Планирана и обука во Словенија на нашата противпожарна бригада која би се реализирала во текот на следната година, информираа од oпштината.


Оттаму изразија очекување дека пријателството и врските кои се создадоа како резултат на искрената благодарност за незаменливата помош и поддршка која ја дадоа словенските пожарникари и во иднина ќе вродат со соработки во насока на опремување и поддршка и зголемување на капацитативноста на нашата противпожарна бригада.


– Нашите искрени пријатели, словенските пожарникари ги испративме утрово, симболично со вклучени сирени уште еднаш неизмерно заблагодарувајќи се за помошта која ја дадоа во гаснењето на пожарите, посочија од општината.


Ветија негување на соработката со вечно сеќавање за она што го направија за сите Малешевци



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838