Иако е вакцинирана со две дози, Теута Арифи позитивна на Ковид-19

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи објави дека од вчера е позитивна на ковид-19 и дека има благи симптоми, а пред месец и пол ја примила втората доза на вакцината. Таа вели дека благодарение на вакцинацијата сега има само благи симптоми и ги охрабрува сите што поскоро да се вакцинираат.

– Иако ја примив втората доза на вакцината пред повеќе од месец и пол, вирусот е сè уште меѓу нас и може секого да погоди! Благодарение на вакцинацијата сега имам само благи симптоми, па ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себеси, семејството и другите околу вас!, објави на Фејсбук Арифи и рече дека ќе остане во изолација и ќе ја зема соодветната терапија, според здравствените протоколи. Арифи пред 12 години се бореше со рак на дојка, а беше дијагностицирана додека беше бремена со второто дете. Таа е една од првите политичарки која отворено јавно прозборе за својата болест и е проминентна активистка за кревање на свеста за борбата против рак на дојка.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838