Вучиќ 10 години не видел море – Замислете да избие некој пожap, а јас да бидам на одмор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека нема да оди на одмор, но дека не им забележува на оние политичари кои одат.


Вучиќ вели дека тие сигурно се уморни штом одат на одмор, но дека тој самиот тоа не може да си го дозволи со оглед на состојбата со пожарите во регионот.

Луѓето имаат свои семејства, одмараат по напорната работа. Јас сум овде, сакам да бидам овде. Замислете да избие некој пожар, а јас да не бидам тука. Не би го издржал тоа, морам да бидам со најголемиот дел од нашиот народ, иако не можам да верувам колку луѓе имаат отпатувано, кога ќе ги погледнам податоците од граничните премини. Тоа значи дека собрале доволно пари за да можат да отпатуваат и покрај короната – истакнува Вучиќ.

Луѓето од опкружувањето на српскиот претседател, за портал „Ало.рс“ велат дека Вучиќ не бил на море во изминатите 10 години.

Секоја година откако стапи на функција, прво како премиер, а потоа како претседател, иста приказна. Се обидуваме да го наговориме да се одмори малку, но нема шанси, секогаш се случува нешто важно и тој не може да одвои ниту три дена за себе – вели за „Ало“, близок човек до Вучиќ.


извор: република

29060043_2016680208590936_36926234558838