По актуелните случувања, се јави и Трамп: Дали ви недостигам?

Талибанците стануваат посилни, а поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја искористи оваа можност да го нападне актуелниот претседател Џо Бајден. „Трагедијата во Авганистан – целосно отворена граница, криминал на рекордно ниво, цените на нафтата беснеат, инфлацијата се зголемува – дали ви недостигам?“ – прашува Трамп во кратката изјава која неговиот портпарол ја објави на Твитер.

Во февруари 2020 година, под администрацијата на Трамп, САД потпишаа договор со Талибанците со кој се обврзаа да ги повлечат сите американски и НАТО војници.

За возврат, како дел од договорот, Талибанците се согласија да не дозволат Ал-Каеда или која било друга екстремистичка група да дејствува во областите под нивна контрола. Меѓутоа, договорот не ја вклучуваше авганистанската влада, со која Талибанците потоа одбија да преговараат. Оттогаш започнаа мировните преговори, но се уште не е постигнат договор.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838