Земјотрес од 3.2 Рихтерови степени почувствуван во шест градови во Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 3.2 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 15.05 часот со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje, во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Според досегашните податоци, овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838