ФОКУС: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, во анкетата на НДИ


Анкетата спроведена од американскиот „Националниот демократски институт“ (НДИ) покажува убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето „Доколку партии, а не коалиции се претстават на избори, за која партија би гласале?“, 14 проценти одговориле дека својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ. Податоците покажуваат разлика од четири проценти кај најголемите македонски партии, само 10 отсто од анкетираните ќе гласаат за СДСМ на избори.

Пет проценти или помалку имаат ДУИ, Левица, АА.

Инаку, НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.

Анкетата е спроведена телефонски и преку интернет анкети. Ова истражување е финансирано од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838