Во сабота протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство


Протест против срамот и неспособноста на Заев и Филипче! Оставка Филипче! Зоран Заев и Венко Филипче се причината за големиот беој на заразени и починати од КОВИД-19 од 1 јануари до денес. Заев и Филипче не обезбедија вакцини“, повикува Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму посочуваат дека протестот во сабота ќе се одржи пред Министерството за здравство во 11.30 часот. – Наместо вакцини, Заев и Филипче тргнаа по провизии. До толку се криминогени, што и од вакцини сакаат да земат провизија. И додека тие се мислат како да профитираат, Србија и земјите од соседството се лидери по имунизација. Условите се толку лоши што пациенти лежат до починати лица, други примаат инфузија во двор на болница, а трети не можат да дојдат на ред да влезат. Со Заев и Филипче Македонија ја проголта срам. Сабота 11.30 часот пред министерството за здравство. Да кажеме не за лошите политики и губењето животи, посочуваат од Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.



29060043_2016680208590936_36926234558838