(АУДИО БОМБА) Кој им бара peкет во Шутка?


На социјалните мрежи е објавена снимка наречена „Притисоци и закани од страна на градоначалникот во Шутка, на снимката се слуша голготата на една постара госпоѓа која пробувала да изгради доградба на нејзиниот дом во општината Шуто Оризари.


Соогласно описот на снимката таа е направена за време на „Маалска средба“ организирана од страна на општинската организација на СДСМ во Шутка одржана на 19 јуни на која присуствувале претседателот на ОО Шутка Ферат Асан, членот на ЦО на СДСМ Рамис Сулејман и пратеничката Љатифа Шиковска.


Незадволната граѓанка која се соочила со закани и уцени расакажува со колку локални функционери остварила средба, кој функционер колку пари и барал за да може да гради, како и заканите кои ги добивала од претставници на општината кои и се заканувале дека ќе остане без дом.


Се започна кога кај мене дојде Демир и покоен Драган раскажува госпоѓата кои потоа ја запрашале госпоѓата дали има имотен лист, купопродажен договор и право за доградба ,

Но госпоѓата била шокирана откако вработените во општината и побарале 2500 евра за доградбата која ја правела на нејзиниот дом.


После 2 недели повторно дошол Драган барајќи и ги документите што ги има со ветување дека ќе и направи легализација по едно евро, по што и кажал дека тоа ќе чини 200 евра.


Тие чекале легализација незнаејќи дека човекот починал.

Потоа госпоѓата ја посетиле како што вели неколку „поштари“, но таа им посочила дека сака да се види лично со Демир.


Таа продолжила со градбата, но по 15 дена ја посетила најверојатно некоја инспекција која и посочила дека ја бара градоначалникот Курто Дудуш. На Госпоѓата потоа и била барана сума од около 4 илјади евра, а добила и закана дека ќе треба да плати казна од 17 илјади евра.


Погледнете ја целата снимка:


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838