Нов протест на жителите на Бардовци: Стоп за мигрантски камп


Со слоганот „Стоп за мигрантски камп“, стотина жители на скопското село Бардовци денеска ја блокираа раскрсницата кај „Момин Поток“, протестирајќи против изградба на центар за странци во нивното место.

Тие се против изградбата на прифатен центар со капацитет од 3.000 лица, зашто што, според нив, ќе им се нарушат мирот и сигурноста, бидејќи, како што истакнуваат, странците ќе останат подолго време.

Тие велат дека ниту од локалната самоуправа ниту од било која институција некој дошол да ги консултира за објектот што се планира да се гради, и затоа бараат да се изјаснат на референдум.

-Веќе осми ден сме на улиците и ќе продолжиме со протести. Со дозволата за градба од Министерство за транспорт и врски се наведува дека има ризици по имотот и населението, иако од МВР велат дека тоа ќе биде времен камп. Тие ќе си го градат, но ние бараме итен прекин – изјави еден од протестирачите. Инаку, од МТВ утврдиле дека изградбата на објектот ќе има негативни социоекономски влијанија, влијанија врз животната средина, како и врз вредноста на имотите на локалните жители.

Од Општина Карпош, пак, реагираа дека нема де се гради никаков центар за бегалци, туку центар за странци, кој, додаваат од таму, е во спротивна насока од населениот дел на Бардовци и е во близина на скопската обиколница.



извор: фокус


29060043_2016680208590936_36926234558838