Кому му треба пила од стотина евра, не е украдена, туку зафрлена, смета Ангелов

Утрово во медиумите се прошири веста дека од пожарникарите е украдена моторна пила. Ова прашање беше поставено на ЦУК на утринската средба со новинарите. Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов ги отфрли овие информации.


„Тоа е вулгаризирање. Прочитав на Фејсбук дека недостасувала една моторна пила.Таа може да е било каде зафрлена и изгубена. Не заборавајте дека се работеше за пожар, гореше оган на сите страни и не сакам ни да помислам дека некој украл моторна пила, која има вредност стотина евра“, рече Ангелов.



извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838