Семејството Мицевски остана на улица со 3 малолетни дечиња- Се им изгоре во пожарот


Семејството Мицевски од Прилеп – Слободан, сопругата Цене и нивните три дечиња Елеонора ,Матеа и бебето Лука останаа без покрив одкако во пожар изгоре нивниот дом заедно со сета покуќнина.


Во силен пожар во населбата Варош во Прилеп пред недела дена изгореа 4 социјални бараки и оставија 11 луѓе без покрив над главата .

Пожарот ја зафатил една од бараките но набргу се проширил низ другите бараки.

– Излегов надвор, да ја мијам колата, видов чад, видов дека гори кај соседите, Третата барака, лепенка, гореше. Отидов, да викнав во лепенката, бараката до нас, децата беа сами, ги извадовме децата. Се сетив кај соседите да го извлечат неподвижниот сосед, сам беше во просторија. И татко ми е неподвижен, и него требаше да го извлечат. Пожарната дојде веднаш, скршија, го извлекоја неподвижниот сосед, и татко ми беше извлечен, и гаснеа. Сето што беше до нив, направија, ама ние изгоревме, со вознемиреност раскажува Ангела Китаноска.,


Елеонора има дванаесет години , Матеа 2 годинки а бебето Лука има само седум месеци . Нив хитно им е потребна финансиска помош за облека, храна средства за хигиена . Потребна им е помош да ја пребродат суровата зима а набргу ќе почне и учебната година па на Елеонора ќе и биде потребен и училишен прибор.


извор: шило магазин


29060043_2016680208590936_36926234558838