Ѕвонко спие под орев подолу од изгорената куќа: За миг изгуби 58 години - ВИДЕО


За пет минути дојде огнот и уништи се. Сега немам ништо, јас сум сам, немам никого. Силни емоции предизвикува сведочењето на Ѕвонко, жител на селото Нов Истевник чиј дом изгорел во пожарот. Таму живеел 58 години, а за ТВ 21 раскажува како го доживеал моментот и како ноќите ги поминува под оревот, недалеку од неговата куќа. Иако по објавата на репортажата доцна синоќа на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски рече дека ќе помогне, останува тежината во грлото за големината на катастрофата.


Нов Истевник е село кое пред четири дена се бореше со пламените јазици. Таму целосно изгорени се четири куќи, а делумно зафатена една викендица.


Селото повеќе од два месеци е без вода, а веќе една недела без струја. Жителите велат дека досега никој не ги посетил ниту пак ги прашал дали имаат потреба од нешто.


„Ѕвонко не се обратил до општината ниту до мене како градоначалник. Во текот на утрешниот ден ќе биде сместен и ќе добие кров над глава со сите услови и храна“, коментирал градоначалникот Трајковски на фејсбук.


Во репортажата Ѕвонко раскажува како избегал низ прозорецот и се спасил. Има сестра која живее во Србија но и таа не знае каква судбина го снашла брат и. Во пожарот го изгубил и мобилниот телефон.


Приказната овде


29060043_2016680208590936_36926234558838