(Видео) Полиција во домот на Миленко Неделковски: He ви го признавам ниту cyдот ниту обвинителcтвото


Во текот на вчерашниот ден, во домот на новинарот Миленко Неделковски, упаднала полиција, во обид да го приведе, поради извршување на информативен разговор, на барање на oдделот на MBP задолжен за компјутерска форензика.


Неделковски, треба да се појави на информативен разговор денес во поилиција во 11ч и 30м.


За случувањата во неговиот дом, Неделковски во детали говореше на својот Јутуб канал, информативниот разговор е на барање на „компјутерска форезинка“ или како што вели тој оние кои се задолжени за следење на тоа што се пишува на социјалните мрежи.

Според него ова го покажува стравот кај власта која ќе има катастрофални резултати на престојните локални избори.


-Ова доаѓа во период кога државата гори во пламен, кога вадат фапови старои по 60 години кои наводно биле возобновени, а тие на распаѓање и во моменти кога се спрема голем народен собир сега викендов во врска со фашистичко нацистичките мерки што ги оваа Влада донесе на својата последна седница, а ќе се применуваат на 16 еден ден подоцна од битниот ден за муслиманите, вели Неделковски.


Новинарот потенцира дека овие мерки се дискриминирачки, сегрегациски и тие кои ги носат овие мерки не се разликуваат ниту од Хитлер, ниту од Сталин, Берија и најмачните времиња на УДБА и КОС.


За крај тој исткана дека не ги признава ниту судот, ниту обвинителството, ниту полицијата.


извор: инфомакс


29060043_2016680208590936_36926234558838