СОМНЕЖ ЗА КРИМИНАЛ: Јавна набавка на Општина Битола со фирмата на Кочо Анѓушев


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, Пеце Милевски објави нов скандал и сомнеж за криминал во јавна набавка на Општина Битола и фирмата на Кочо Аѓушев.


На Наташа Петровска и дојде редот да купи метларки од Кочо Анѓушев Фирмата на екс вицепремиерот продава машини насекаде низ Македонија.

Во Битола продолжува трендот на погодување на необјавена проценета вредност на големите јавни набавки.

Почитувани, вчера бевме сведоци, дека градоначалничката во заминување и нејзиниот најпослушен директор од ЈП КОМУНАЛЕЦ Битола промовираа специјално возило, машина за чистење улици. Но, јавноста во Битола треба да биде знае за неколку детали од јавната набавка со бр. 00295/2021.

1. Јавната набавка е објавена без објавување на проценетата вредност што е законско право на договорниот орган.

2. Покрај тоа што проценетата вредност на јавната набавка не е јавно објавена на објавениот оглас “случајно” се пријавува само еден и единствен економски оператор, а тоа е компанијата БРАКО на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев во владата на СДСМ.

3. Најсимптоматично во целата јавна набавка е тоа што на јавниот оглас се појавува само еден и единствен економски оператор кој ја погодува скриената проценета вредност до денар!

Има уште многу прашања кои треба да бидат одговорени, но тоа им го оставаме на надлежните институции да проверат.

Притоа ги повикуваме надлежните иституции за гонење на сериозен и организиран криминал детално да ја испитаат оваа крајно сомнителна јавна набавка и во најбрз можен рок и да преземат конкретни мерки.

Сепак се работи за средства на сите граѓани во висина од преку 170 илјади евра !

Каде навистина завршуваат парите од буџетот кај Кочо или Вице?

Дали за поткуп или во приватните џебови на функционерите ?

Неспособни сте и треба треба да си одите, Битола треба да добие одговорно и професионално управување.

Доста е! Битола за сите луѓе!


29060043_2016680208590936_36926234558838