200 години се пред нас, малешевци во културен шoк: Австријците имаат повеќе црева во едно...


Во цела Македонија нема толку противпожарни црева колку што имаат Австријците во неколку камиони. Кога ја гледаме таа опрема, како да сме во временска машина што нѐ однела 200 години понапред, велат Малешевци.


Сакавме „Европа да ја донесеме дома“ и ја донесовме – за жал, само поради нашата неопременост за битка со пожарите. Но, кога пламенот ќе стивне, таа Европа ќе си се врати во Европа, а ние и натаму ќе говориме за неа…


Вака жители на Малешевијата ги споделуваат впечатоците за значењето на големата странска помош во најтешките денови поминати во очај, неизвесност и страв од пламените јазици.


„Доживеаме вистински културен шок кога ја видовме опремата на австриските пожарникари. Организирани се во бригади, со себе имаат амбулантно возило, возило-кујна, возило- тоалет, џипови, мотори на две и четири тркала, церадни базени за акумулација на вода на терен… Во Пехчево тие направија буквално монтажен хотел, лоциран на едно игралиште. Не ни забележавме дека преку ноќ го монтирале објектот, сосема бесшумно… Имаат техника да спроведат вшмукување вода од 5 километри за секој камион. Така направија завчера и во Будимирци. Пуштија црево во планината за дотур на вода. Во цела Македонија нема толку противпожарни црева колку што тие имаат во неколку камиони. Кога ја гледаме таа опрема, имаме впечаток како да сме во некоја временска машина што нѐ однела 200 години понапред”, вели жител на Пехчево.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838