Cвeдоштва на генepал: Кapпалак беше подметнат за да се принуди потпишyвaње на Paмковен договор

Извадок од „Сведоштва“ на генерал Панде Петровски за громозорниот масакар на Карпалак …На самиот почеток кога АРМ и полицијата покажаа способност, одлучност и храброст конечно да се справат и да ги разбијат предизвикувачите на војнaтa, нeкој се уплаши дека целта на воената криза нема да биде постигната и веднаш одпочнаа со употреба на однапред разработените инструменти за контрола на кризата. Тие нивни „инструменти” во натамошниот тек на разрешувањето на војнaтa со воени средства, беа се поотворени поконкретни, а достигнаа кулминација во директното вклучување на НАТО со цел да се прекине војнaтa и да се седне на преговарачка маса. На таа преговарачка маса нè седна „оној што јa предизвика агресијата” формално така изгледаше, а во суштина на другата страна седнаа тие што јa договорија кризата и ги застапуваа интересите на агресорот, и секако дека на тој начин целта на кризата беше остварена.

Во моментот кога не беа сигурни дали ќе се постигне конечната цел на агресорот – пред потпишувањето на договор се активира притисокот со непотребни човечки загуби надвор од зоната на воените дејства за да се „убеди” македонскиот народ дека друго решение нема, туку да се потпише Рамковниот договор.

Неспорен беше фактот дека во сето тоа беа инволвирани и дел од државното раководство. Дали намерно или од други интереси не е битно, без инволвирање на нeкој од државното раководство, оној што јa планирал и после тоа јa реализира кризата, не можеше да се постигнат планираните цели.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838