ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема право да ја ограничува слободата на избор на невакцинираните


Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ причината за високите бројки од Ковид-19 се ненавремената имунизација и трката по провизии на Филипче и Заев. Тие рекоа дека апелираат на вакцинација, но истовремено, тие додадоа дека Владата нема право да ја ограничува слободата на избор на оние кои не се вакцинирани. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост: Пакетот на мерки против КОВИД е задоцнет и неефикасен. Каква влада, такви мерки против КОВИД, неефикасни и дискриминаторски.

Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес е целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд а тоа е на врвот на листата на заразени.

ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација, но го почитуваме правото на останатите кои мислат спротивно и владата нема право да го ограничува нивното право и слобода на избор. Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не. Народот не треба да се плаши, и повторно корона кризата да се претвора во ПР војна на влевање на страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни.

29060043_2016680208590936_36926234558838