Џафери: Слушнав некој кажа да ми биде фрлена вода

Бурна собранска седница на која има само две точки. Првата е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година, по скратена постапка, и втората е Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка. Дневниот ред беше усвоен со 94 гласови „за“ без против и воздржани. Жестока кавга се водеше меѓу претениците на Коалицијата Алијанса и Алтернатива и ДУИ. Собранскиот спикер во еден момент прозивајќи го пратеникот Елми Азири од Алијансата, рече дека слушнал оти кажал да му биде фрлена вода. Азири од место негираше – тоа не биле негови зборови.

„Доколу тоа вие не сте го кажале тогаш се извинувам. Слушнав дека некој кажа да ми биде фрлена вода, нека повели“ рече Џафери. Претходно координаторот на АА/А Скендер Реџепи ги повика пратениците од ДУИ да не го поддржат законот за одложување на пописот бидејќи бил штетен за Албанците.

-Законот доаѓа како последица на договор на двајца македонски лидери, кои заедно одлучиле без изјава на Комисијата за заразни болести, пописот да биде одложен. Ги повикувам пратениците од ДУИ да не дозволат Законот за попис да остане како точка на дневниот ред. Ова е на штета на Албанците. Сите Албанците се ангажираа албанските иселенци масовно да се попишуваат, додека македонските иселенци бојкотираа.


Пратениците на ДУИ не треба да бидат присутни на седницата исто како и нивниот лидер Али Ахмети за да не им судат следните генерации. Над 15 проценти попишани во дијаспората се Албанци, рече Реџепи.

Спикерот Талат Џафери рече дека не го интересираат политички договори надвор од Собранието и дека не се води од политички одлуки туку од собраниска процедура.

– Владата на 30 март до мене достави предлог закон за пролонгирање на роковите за спроведувње на пописот. Правите манипулацијата со дијаспората. Предлог – законот не го запира процесот на попишување на дијаспората, туку напротив прелдожениот закон од 1 март до 21 април, пописот на дијаспората го одложува до завршување на пописот на 30 септември, не ви држи тој процедурален аспект, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми посочи дека пратенциите на ДУИ се важни бидејќи 20 години водат визионерски политики.

Не случајно граѓаните на ДУИ му ја даваат а не ве поддржуваат вас. Тоа е така бидејќи вие наутро имате еден став, на пладне друг, кога ќе се разбудите трет. Кој ваш став да го поддржиме? Сами барате средба со Мицкоски а не ги прифаќате нашите понуди за средби за дијалог. Кои политики да ги поддржиме кога сте без компас. Водите дневни празни политики. Не обвинувате дека законот е антиалбански. Не го поддржувате законот кој го донесовме пред неколу месеци, рече Адеми.


извор: slobodenpecat.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum