Нов шок за домашниот буџет: Цената на маслото за јадење се приближи до 100 денари

Нови цени уште се лепат на маслата за јадење низ продавнците. Сега тоа веќе се продава по 95 и 97 денари. Причина за растот на цените е зголемувањето на цената на суровото сончогледово масло на светските берзи. Според податоците на сајтовите што ги следат овие цени, тие станале речиси двојно поголеми во однос на март минатата година од кога почнале постојано да се зголемуваат. Според „Економик тајмс“ влезните цени на сончогледовото масло во првиот квартал на годинава се зголемиле за 28 проценти. Според пишувањата на странските медиуми и изјавите на домашните експерти, цената на сончогледовото масло се зголемила поради тоа што минатите години биле сушни и неповолни за приносите, но и поради тоа што во време на пандемија се зголемила светската потрошувачка на земјоделски производи. Во 2020 година лош род на сончоглед имале големите светски произведувачи – Бугарија, Романија, Молдавија и Украина, потсетуваат експертите што ја следат храната.

Покрај сончогледовото масло, раст на цени има и на другите видови на масла за јадење. Анализите покажуваат дека сончогледовото и палминото масло ја достигна највисоката цена на берзите во последните 13 години, а сојиното масло е најскапо во последните 8 години, откако претходниот рекорд го достигнало во 2013 година.



извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum