Романија го испраќа „Спартан“ во Македонија


Романија го испраќа во Македонија авионот од типот „Ц27Ј“ на италијанскиот производител Алениа, популарно наречен „Спартан“ специјализиран за гасење пожари како помош за справувањето со ситуацијата во државата, соопшти Министерството за одбрана.

„Нова поддршка од НАТО сојузниците во справувањето со пожарите - Романија испраќа авион со голем капацитет за гасење. Благодарност до романскиот министер Николае Јонел Чука што реагираше веднаш на моето барање ова утро“, објави претходно Радмила Шекеринска, министерката за одбрана. Инаку „Спартан“ може да носи шест контејнери од по 1.000 литри вода. Овој авион Романија го испраќала и за помош при гасењето пожари во Грција. Помош до сега испрати Србија со три хеликоптери за гаснење на пожар, како и Австрија Бугарија и Словенија со свои пожарникари и опрема за справување со огнот од земја. извор: фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838