Истражување: Шест бугарски партии ќе влезат во парламентот, ВМРО на Каракачанов не е помеѓу нив!

Четири дена пред парламентарните избори во Бугарија, според студијата на влијателната социолошка агенција „Алфа Рисрч“ и приватната национална телевизија БТВ, шест партии ќе влезат во Националното собрание – владејачката ГЕРБ, најголемата опозициска БСП , партијата на шоуменот и тв водител Слави Трифонов „Има таков народ“, ДПС, „Демократска Бугарија“ и „Исправи се! Излези!“ на поранешниот народен правобранител на Бугарија, Маја Манолова. Според истражувањето, ВМРО е на кантар, а разликата меѓу првите две партии, ГЕРБ и БСП, расте.

– Три дена пред гласањето, одѕивот и натаму е една од најголемите неизвесности, со суштинско значење за конечниот резултат, рече социологот Борјана Димитрова за бТВ. Истражувањето на агенцијата е спроведено во периодот од 27 до 30 март и покажува дека одѕивот на гласачите во Бугарија би бил околу 51 процент. Бугарските граѓани што планираат да гласаат на 4 април би биле помеѓу 2,6 и 2,8 милиони луѓе.

Сепак, активноста ќе зависи од состојбата со Ковид-19. Секој десетти од оние кои сакаат да гласаат имаат голема загриженост, а повеќе од една третина (36 отсто) имаат некои проблеми.

– Доколку овие луѓе останат во своите домови, одѕивот на парламентарните избори во Бугарија може драматично да падне под 2,4 милиони луѓе, што би ги променило резултатите, рече Димитрова. Три четвртини од анкетираните бугарски граѓани изјавиле дека одлучиле за кого ќе гласаат пред изборната кампања.



извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838