ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: За кого бијат камбаните, нова помош во битката со огнот!


Според последните информации, пожарот се доближил на неколку стотини метри од селото Робово, а со него се справуваат домашни и австриски пожарникари, војници и месното население.


Нивните погледи се свртени кон небото: чекаат да падне дожд, да стигнат хеликоптерите и - да запре ветерот. На ова се надеваат жителите на делчевско- пехчевскиот регион, каде поради променливиот правец на ветерот, тешко може да се контролира во која насока ќе беснее огнената стихија. Во атарите каде тоа се уште е можно, продолжува саморганизирањето на локалното население.

„Сѐ се менува од час во час“, велат Пехчевци. Црковните камбани вчера биеле во сите села - знак за тревога и организирање, за молитва и се заедно.

Според последните информации, пожарот се доближил на неколку стотини метри од селото Робово, а со него се справуваат домашни и австриски пожарникари, војници и месното население.

Утрово тој критичен реон бил надлетуван од хеликотер во мисија на извидување на состојбата. Денес се очекува засилена активност на пожарникарските тимови, со оглед дека рано утрото стигна првата група помош од Австрија - тимови за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила. Тимот веднаш се упати кон најкритичните места во источниот дел и веќе е вклучен во битката со огнот.

Втората група се очекува да пристигне во текот на денот, со што земјава ќе има австриска помош од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило и 9 приколки.

Се копа просек

Состојбата во источниот регион е загрижувача и во соседна Бугарија. Жители на Пехчево вчера предупредуваа дека ако пожарот не биде запрен и го премине пехчевскиот атар, ќе стигне до Симитли во Бугарија. Тоа е и причината што таму од вчера се копа просек (појас што ќе ја раздвои шумата) со што би требало да се запре пожарот ако стигне до таму. Градоначалникот на општина Симитли Апостол Апостолов и претседателот на општинскиот совет Владимир Христов вчера биле во реонот на границата со Северна Македонија за да проверат каква е ситуацијата по пожарот помеѓу Делчево и Пехчево. Апостолов ја оценил состојбата за крајно сериозна, особено и поради силниот ветер кој дополнително ја усложнува ситуацијата. Тој нагласил дека одржува постојан контакт со институциите во Македонија.

„Од страна на Република Македонија е создадена организација - има стотици луѓе на терен, има хеликоптери, но во моментов огнот не може да се запре. Според последните податоци, пожарот стигнал до селата Негрево и Црник“, изјавил вчера градоначалникот на Симитли. Тој разговарал и со директорот на државното шумско стопанство во Симитли, кој го уверил дека ќе биде испратена механизација во реонот меѓу границата и општина Симитли за да ископа просек, кој ќе го запре огнот доколку ја премине границата. Раководството на општина Симитли и вчера апелирало до граѓаните што живеат во повисоките населби лоцирани во близина на границата со Македонија, да бидат максимално внимателни и доколку е потребно да се симнат во градот.

„Така не се зборува...“

Пожарите во Македонија и опасноста да се префрлат во Бугарија, ги симнаа од дневен ред досегашните политичките теми. Фокусот е ставен на солидарноста, на важноста од меѓусебно помагање.


Бурна ноќ во костец со стихијата „Изјавата не е логична во контекст на целиот исказ – ем да настојуваш за европска помош, ем да го откажуваш тоа за соседот. Не можат ли европските лидери да го направат истото и да кажат - зошто да трошиме пари за Бугарија, кога си имаме локални проблеми“/ „Така не се зборува дури ни кога навистина не можеш да помогнеш“/ „Дали од ИТН се натпреваруваат кој по-најнесоодветен? Нормално дека ќе им помагаме на соседите, колку можеме и кога можеме. Тоа е прашање на човештина и заедништво, но јавно Трифонов е далеку (дури во космосот) од тие нешта“/ „И тој ја продолжува линијата на Каракачанов да ги спротивставува Бугарите и Македонците“, гласат дел од коментарите.

Нови осомничени

И додека во мака е битно кој ќе ни помогне, уште побитно е кој сака да одмогне, односно наштети. Надлежните институции се посветени на истражување на причините за толкав голем број пожари (во исто време на различни места), а полицијата секојдневно приведува осомничени за нивно подметнување. Утрово околу 6 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Е. (34) од Прилеп, поради сомнение дека подметнал пожар на местото викано Дабница. Пожарот утрово бил локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп.

Вчера полициски службеници лишиле од слобода лице од селото Лева Река, Ресенско поради сомнение дека го предизвикал пожарот во Лева Река, во кој изгоре нискостеблеста шума, а истиот ден бил ставен под контрола. За потсетување, на 4-ти август беше приведен и државјанин на Албанија со илегален престој во државава, поради сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. Полицијата во координација со Јавен обвинител веќе постапува и во случај со лице осомничено за пожарот во Старо Нагоричане, како и за две лица осомничени за пожарот кој на трети август пламна пред село Блаце кон Катланово.

извор: дојче веле


29060043_2016680208590936_36926234558838