„Македонија гори-Заев се чешла“ – Владата потврди: Заев се смее на плажа во Грција - ФОТО


Додека во цела Македонија беснеат пожари, премиерот Зоран Заев и дел од министрите се на одмор. Откако во медиумите и на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии од владините функционери кои одмораат на плажи смеејќи се во друштво, од Владата излегоа со соопштение дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.

-Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно, информираат од Владата.

Оттаму додаваат дека овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838