ВИДЕО I Македонските фудбалери со невообичено загревање пред натпреварот со Романија


Атмосферата во селекцијата која во јуни за првпат ќе игра на едно големо натпреварување е на едно навистина високо и завидно ниво. Тоа се покажа и на денешниот тренинг пред натпреварот со Романија. Непосредно пред стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година, против Романија на „Националната арена“ во Букурешт, фудбалерите на македонската репрезентација одлично се забавуваат и се обидуваат да го „збунат опонентот“ со неконвенционалните тренинг методи. Навраќајќи се на играта од детството која и нема општоприфатено име, а ја знаеме сите како „бззз“, во кругот како „жртви“ се појавија сите. Од Ристовски до Николов.

Видеото може да го погледнете во продолжение.

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum