Cиндикaтoт нa пoжapникapитe: Гpaдoнaчaлникoт нa Рaнкoвцe нe caкa дa иcплaќa пapи зa тpeтa cмeнa

Независниот синдикат на пожарникарите при ССМ попладнево реагира дека не се исполнуваат трудовите права на нивните членови додека беснеат пожарите низ државата, а го посочуваат градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, како еден од примерите. Од таму велат дека општината го има блокирано исплаќањето на ноќниот труд за време на трета смена. „До Синдикатот стигнуваат повеќе дојави за погазување на правата од работен однос на нашите колеги кои се борат со огнената стихија, на некои места како што е Ранковце, градоначалникот иако предупреден од инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување сеуште официјално ја држи активна забраната за работа во трета смена на професионалните пожарникари. Замислете за да бидат заштедени парични средства, Општината Ранковце немала дежурни пожарникари во третата смена, па така нашите колеги од таа општина на свое лично залагање, некои и по 40 часови непрекинато се борат со страшните пожари на локалното подрачје, иако исплатата на нивниот труд, на овој начин е доведена во прашање“, реагираат од синдикатот.

Од таму упатуваат благодарност за залагањето до сите пожарникари, а особено до противпожарната единица во Кочани кои, како што се вели во реакцијата, повеќе од 72 часа се борат на терен, а повеќето од нив немаат ниту 3 часа одморено севкупно во овие три дена.

„Слични делувања очигледно се случуваат и на други места низ државата и за тоа редовно не информираат нашите членови“, додаваат од синдикатот.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838