(ВИДЕО) ИЗУМИТЕЛОТ НА мНРА ВАКЦИНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Ова е најлошиот ноќен кошмар за вакцинолозите!


Дали знаете зошто досега, до појавата на САРС КОВ 2, немаше вакцина за САРС и МЕРС? Биле правени обиди, но еден од проблемите што се јавувал, а што експертите не успеале да го решат е што, експерименталните вакцини ја влошувале состојбата кај тие што ја примиле вакцината при следен контакт со вирусот. Наместо вакцината да овозможи пациентот да не развие инфекција, таа ја влошувала состојбата и ја правела инфекцијата полоша, отколку што е кај тие кои не примиле вакцина. Состојбата се нарекува antibody dependent enhacement.

Д-р Роберт Малоун, е изумител на МНРА технологијата и фактички изумител на МНРА вакцините, какви што се Фајзер и Модерна. Во едно интервју раскажува дека при еден експеримент со оваа технологија, која треба, меѓу другото да послужи и за лечење на канцер, бил произвиден таков имунолошки одговор што на Малоун одеднаш му паднало на памет: Па ова може да послужи за создавање вакцини. Така тргнала приказната за вакцини со нано честички како носач, но Фајзер и Модерна се први вакцини произведени со оваа технологија, бидејќи претходните обиди пропаѓале.

Д-р Малоун досега предупредуваше дека овие вакцини се недоволно испитани, дека се експериментални, дека веќе се потврдени некои нивни несакани ефекти, а за долгорочните може само да се претпоставува. Но, пред неколку дена се појави нешто друго што тој го нарекува „бомба“. Имено, телевизијата NBC, која важи за еден од мејнстрим медиумите во САД, емитувала информација од неименуван владин извор дека концентрацијата на антитела кај вакцинираните е повисока од таа кај невакцинираните, а кои биле заразени со САРС КОВ 2. Лаиците би рекле: „Па тоа е одлично!“. Но, не било така. Токму тука лежела голема опасност.

Следниот ден, Малоун имаше интервју за радио емисијата на Стив Банон, некогашниот соработник на Донлд Трамп. И објасни каде е проблемот:

БАНОН: Д-р Малоне, денот ни почна со Стефани Рул, синоќа го имавме Арон Барнет, сега се јави и Антони Фаучи… Како глас на разумот, можете ли да ни кажете што се случува?

МАЛОУН: Во право сте. Видовме прогресија и вистинска поплава на неверојатно очајни информации, кои започнаа со алармот од Фајзер пред неколку недели дека веројатно ќе ни треба „засилувач“, трета доза од вакцината после шест месеци, која ќе го засили дејството од првите две дози. Потоа се јавија и опомените од Фаучи и Владата дека третата доза на Фајзер треба да ја примат постарите и имунокомпромитираните.

И тогаш, синоќа беше фрлена бомба (29 јули, н.з.). Се плашам дека се остварува точно тоа на што предупредував. Токму за тоа зборував на два различни подкаста вчера. Фаучи претходно изјави дека титерите во носот (концентрација на антитела, н.з.) се со иста количина – како кај тие кои примиле вакцини, така и кај невакцинираните, а кои ја прележале болеста. Но, тоа е селективно прикажување на нештата. Назалните титери се сиромашен индикатор во споредба со титерите во крвта кај инфицираните со вирусот. „Бомбата“ што NBC телевизјата ја фрли синоќа од неименуван владин извор велеше дека титерите кај вакцинираните се всушност повисоки отколку кај невакцинирнаите, а кои биле заразени со САРС КОВ 2 по природен пат.

Што значи тоа? И зошто одеднаш ги гледаме овие френетични изјави? Ова е точно тоа што се гледа ако ни се случува состојба на antibody dependent enhacement. Што е antibody dependent enhacement? Накратко, тоа значи дека вакцината предизвикува вирусот да стане повирулентен, да предизвикува поголема инфекција, отколку што би се случило во отсуство на вакцината. Тоа е состојба при која вирусот се размножува во телото многу повеќе. Ова е најлошиот можен кошмар за вакцинолозите. Се има случено со Respiratory syncytial virus (RSV) односно вакцината за овој вирус во шеесетите години на минатиот век во САД и предизвика повеќе смртни случаи кај децата кои примиле вакцина, отколку што имаше смртност од вирусот кај невакцинираните. Се има случено и со денга вакцината (2016 година на Филипините, н.з.) и, историски, се случува со секој програм во развој за вакцина за корона вирус.

Вакцинолозите како мене, предупредуваа на ова од почетокот на кампањата за вакцинација.

Зошто ова прво се појави кај Фајзер? Ние ги немаме изворните податоци, но од тоа што го знаеме, најверојатно затоа што Фајзер дозата е третина од дозата што ја има во „Модерна“ вакцината и веројатно произведува многу помалу спајк протеини за пократок период, отколку што тоа се случува кај аденовектор вакцините како „Џонсон и Џонсон“. Оттука, заштитата од Фајзер вакцината слабее за шест месеци и тоа што се чини дека податоците сугерираат е дека Фајзер вакцина е најмалку имуногена од трите вакцини во смисла на издржливост на заштитата. И сега, луѓето чија заштита од Фајзер вакцината опаѓа, добиваат инфекција. Ова е тоа што го антиципиравме, тоа е прозорец за поголема подложност на antibody dependent enhacement во таа долга фаза на намалување на одговорот на вакцината. Мислам дека д-р Фаучи е многу неискрен. Не знам што друго да кажам. Можеме да кажеме дека лаже, што и да е… Но, јас бев обвинет дека сум анти ваксер и дека промовирам дезинформации, но од мој аспект гледано, Владата фрла магла, ја замаглува вистината. Не сакам да звучам како некој што предизвикува аларми, но се чини дека ни се случува најлошото можно сценарио, кога вакцината во фаза во која опаѓа предизвикува вирусот да се размножува многу повеќе и поефикасно отколку што би било доколку не е вакцината. Тоа е тоа што го нарекуваме antibody dependent enhacement. И на ова беше предупредувано од почетокот на избрзаната кампања за вакцинација.

БАНОН: Да бидеме сигурни дека ова е разбирливо за луѓето што не слушаат. Вие не сте анти ваксер, туку човек кој го посветил животот на развивање вакцини како изумител, истражувач… целиот ваш живот е во поддршка на вакцинирањето и пронаоѓање нови вакцини за да му се помогне на човештвото…

МАЛОУН: Јас спротивното од анти ваксер, јас сум вистински верник во однос на вакцините, но исто сум посветен и кон нивна безбедност и сум посветен кон науката…

БАНОН: …Значи ние сме во ситуација кога вакцината ја влошува подложноста на вирусот, посебно на неговите мутации. Дали е тоа точно?

МАЛОУН: Мутациите се сосема друг сет на лажни информции од д-р Фаучи. Мутантите кои им „бегаат“ на вакцините се најверојатно развиени токму кај вакцинираните, а не кај невакцинираните. Но, antibody dependent enhacement може да биде предизвикана од мутираните вируси. Засега имаме само извештај на NBC од неименуван владин извор, но лесно е да се измерат титерите кај вакцинираните, во однос на невакцинираните, а кои биле заразени со САРС КОВ 2, во овој случај Делта сојот, и ако тие податоци потврдат дека титерите кај вакцинирнаите се повисоки, тоа ќе биде огромен сигнал за antibody dependent enhacement. Значи имаме некакви прелиминарни сигнали од неименуван владин извор кои сугерираат дека сме таму – во најлошото можно сценарио, за што како можност предупредуваа вакцинолози затоа што тоа е историјата на сите други програми за развивање вакцини против корона вирусот кај луѓето и кај повеќето од животните. Не знам што друго да кажам освен поговорката дека „ако изгледа како шатка, ако оди како шатка и ако звучи како шатка, тогаш најверојатно е шатка“. Но, ќе мора да се докаже. БАНОН: Ако при вакви сигнали бевте во советот за национална сигурност, што ќе советувавте?

МАЛОУН: Ако податоците се такви, мораме да го сопреме вакцинирањето и мораме да се насочиме, колку што е можно повеќе кон развивање на методите за лекување кои во голема мерка се блокирани и потиснати од ФДА (американската Агенција за лекови, н.з.). Тоа не е само мое искуство, туку истото го слушам постојано и постојано од други извори дека тие што работат на лекови, ако не се дел од активни испитувања финасирани од Националниот институт за здравје предводен од Фаучи (всушност Фаучи е директор на Институтот за алергии и заразни болести кој е дел од Националниот институт, но изгледа дека тој го има главниот збор, н.з.), не можат да продолжат…

БАНОН: …Но ќе се воведе задолжително вацинирање на сите вработени во федералните служби. Значи вие би рекле: слушајте, знаевме дека ова може да се случи, сега мораме да го прекинеме вакцинирањето… Но тие утре ќе пратат наредба за сите федералци да се вакцинираат… Зошто го прават ова…?

МАЛОУН: Не знам. Парадоксално е. Веројатно тоа е причина што Фаучи се однесува така френетично во распространување невистини. Сите тие влегоа во логиката за универзално вакцинирање за да ја отворат економијата, но тоа не се случува. Мислат дека вакцините ќе не доведат до групен имунитет. И тоа не се случува. Не може да се негира. Вистината не удира в лице. И мислеа дека вакцините се апсолутно безбедни. А не само што не се перфектно безбедни, туку, ако ова за што NBC извести е вистина, и ако титерите кај вакцинираните се повисоки од тие кај невакцинираните кои биле заразени, тоа значи дека имаме најлошо сценарио кое се развива, сценарио што ги престрашува вакцинолозите, односно состојба кога вакцината ги прави состојбите полоши. Целата таа група луѓе е внатре во ова и се чини дека сега се неспособни да излезат од оваа ситуација. Затоа се создава оваа хаотична ситуација со информациите… Они излегоа од колосекот и добиваат информации кои се спротивни од тоа во што веруваат. Веќе не се однеусваат рационално… што и да е… има милион конспиративни теории зошто така се однесуваат, но доказите се тука и ако постои antibody dependent enhacement, тогаш вакцините ги прават состојбите значително полоши и кога јас би бил лидер на јавното здравство и ако би ги пропагирал вакцините или би бил одговорен за нивно рапидно употребување, како што прави д-р Фаучи, и јас би се однесувал како нив. Мошне тешко е за Фаучи, во овој момент да излезе и да каже: „Згрешив! Мораме да го запреме вакцинирањето!“. Се разбира, под услов овие податоци да се точни и ако можеме да му веруваме на NBC. Од друга страна, ако не се точни, тогаш како можеме понатаму да им веруваме на мејнстрим медиумите?

БАНОН: Тие го објавиле ова свесно и намерно. Имаат многу луѓе меѓу владините функционери и тоа било свесно и намерно објавено. Верувајте ми, информацијата минала низ рацете на уредниците и постарите сораборници во NBC пред да биде емитувана. Д-р Малоун, како луѓето да ве следат, бидејќи очигледно влегуваме во многу немирни води.

МАЛОУН: Можат да ме следат на мојот твитер каде што објаснувам што е тоа antibody dependent enhacement Некои луѓе ме информираа дека сум следен (од властите, н.з), дека пратат се што објавувам и што зборувам… не знам дали е вистина. Но ме има на твитер, околу 150 000 луѓе читаат што објавувам и мислам дека го правам тоа што е потребно… БАНОН: Д-р Малоун ви благодарам.

Ова е транскриптот од интервјуто од 29 јули. Наредните днеови, директорката на американскиот Центар за заразни болести Валенска изјави дека титерите кај едната и другата група се исти, дека податоците за кои зборува Малоун не се точни (таа не му репплицираше нему, туку само изнесе инфорации спротивни од тие на телевизијата на кои Малоун се повика) но не понуди докази за своите тврдења.

Како и да е, во САД се случува нешто прилично чудно. Минатата недела, земјата имаше и по 100 000 нови позитивни на ден и, во некои денови, и по 400 мртви. Вчера, САД пријавија 104 758 позитивни и 526 мртви од Ковид 19.

Истовремено, со две дози вакцинирани се околу 50 отсто од населението, што е околу 160 милиони лица, а 35 милиони биле заразени со вирусот, што помножено со асимптоматските случаи, ја дава бројката од над 100 милиони Американци. Се на се, во земјата висруост би требало да го снемува, а се случува токму спротивното. Властите тврдат дека ново заразените се меѓу невакцинираните, но истовремено препорачуваат заштитни маски да носат сите, дури и децата над две години, а се појави и препорака, во разговор со лекар на Си-Ен-ЕН, за носење маски дома, од страна на родителите кои имаат мали деца, за потоа истиот да се дообјаснува на Твитер.

Во секој случај, тврдењето дека ново заразените се само меѓу невакцинираните се чини претерано, па тоа, односно бројките од по 100 000 ново позитивни во САД и по 400-500 мртви на ден, сами по себе го наметнуваат прашањето: дали во САД се случува ова на што упатува д-р Малоун, а на што, експертите биле предупредени индиректно преку тој извештај емитуван на NBC кој очигледно изворот на телевизијата сметал дека мора да го пушти во јавност?



извор: денешен

29060043_2016680208590936_36926234558838