ТВ 24 извести за прва жртва во пожарите, изгоре жена во Старо Нагоричане


Апокалиптични сцени во селото Челопек во Старо Нагоричане.

Очевидци за тв 24 сведочат дека во пожарот изгорела жена, но полицијата не потврдува додека не го најде телото. Тие немаат пристап немаат до куќата поради пожарот кој што се уште беснее.

Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва. Жена изгоре во куќата што ја зафатил пожарот. Обидувајќи се да се засолни од оганот, таа се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици. – Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Стојан кој живеел со Стојанка.


29060043_2016680208590936_36926234558838